Македонија на дното во Европа: Имаме само 1,94 отсто возила со старост до две години

ОБЈАВЕНО НА:

Податоците на Еуростат велат дека дури 84,08 отсто од возилата по македонските патишта се со старост меѓу 10 и 20 години. На оние со старост од 5 до 10 години отпаѓа 11,5 отсто, а возила со старост до две години имаме само 1,94 отсто.

И покрај огромниот увоз на половни возила во Македонија според последните податоци од Еуростат, ние сме на самото дно во Европа според бројот на возила на 1.000 жители. При самото дно сме и по вкупниот број на регистрирани возила и според староста. Најавени се субвенции за купување возила, но истите ќе може да се искориста и за половни возила што ги исполнуваат најмалку Еуро5 нормите.

Според последните податоци на Еурoстат во 2017 година во Македонија имало вкупно 403.316 возила. Единствено Малта има помалку возила на своите патишта од нас (291.664). Од 2013 година до 2017 година бројот на возила во Македонија пораснал за 70.000.

Гледано според бројот на возила на 1.000 жители, Македонија е на претпоследното место со само 194 возила (единствено Турција има помалку од нас – 149). Предничи Луксембург со 670 возила на 1.000 жители. Од соседите Словенија има просек од 541 возило, Грција – 487, Бугарија – 393. Нема податоци за Србија и Албанија.

Според Државниот завод за статисттика, возниот парк во Македонија во 2018 година го сочинуваат 415.062 возила. Просечната старост на возилата е околу 18,7 годиниа. Споредено сооднос дизел-бензин во моментов возилата со дизелски агрегат се уште „водат“ – 208.805 возила, додека со бензински мотор се 193.384 возила.

Податоците на Еуростат велат дека дури 84,08 отсто од возилата по македонските патишта се со старост меѓу 10 и 20 години. На оние со старост од 5 до 10 години отпаѓа 11,5 отсто, а возила со старост до две години имаме само 1,94 отсто.
Но, не сме тука најлоши бидејќи во Полска овој процент е највисок, односно 35,2 отсто од возилата се постари од 20 години, слично како и во Естонија (28,7) и Финска (23,7 отсо)

Убедливо најмногу возила има во Германија – 46,4 милиони, па потоа следува Франција со 32 милиони и В.Британија со 31 милион.

И годинава во првите 6 месеци продолжува трендот на увоз на половни возила. На секое едно ново увезено возило имае пет половни што се увезуваат. според податоците од Царинската Управа во земјава се увезени вкупно 21.239 патнички возила. Од оваа бројка 3.091 возило е ново, а 16.205 се половни.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK