Трендот останува ист: На 1 нов се увезуваат 5 половни автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

Трендот на раст на увоз на половни возила во Македонија не престанува ниту во 2019 година, и според податоците од Царинската Управа во земјава се увезени вкупно 21.239 патнички возила. Од оваа бројка 3.091 возило е ново, а 16.205 се половни.

Останува трендот на едно ново увезено возило да се увезуваат над 5 половни. За првите шест месеци од годинава тој сооднос е 1 : 5,24. Единствено во 2017 година тој сооднос беше под 5 (4,22), а вообичаено се движи над пет возила.

Ако продолжи овој тренд на увоз тогаш годинава за првпат по 2011 година ќе се надмине бројката од вкупно 40.000 увезени возила. Во таа 2011 година беа увезени вкупно 42.527 возила (5.795 нови и 34.326 половни). Потоа следуваше мало намалување, но секогаш се движеше над 30.000 возила (со исклучок на 2015 година – 29.931)

Податоците од Царинската управа се однесуваат на бројот на увезени, но не и на продадени возила. Тоа значи дека реалната бројка на вистински продадените е многу помала. Лани во Македонија се продадени 5.878 возила што беше најдобра година за увозниците од 2010.

Според Државниот завод за стаитстика, возниот парк во Македонија го сочинуваат 415.062 возила. Просечната старост на возилата е околу 18,7 годиниа. Споредено сооднос дизел-бензин во моментов возилата со дизелски агрегат се уште „водат“ – 208.805 возила, додека со бензински мотор се 193.384 возила.