Четири тона портокали биле украдени од товарен брод во Севиља, а полицијата од Шпанија веќе уапсила пет лица кои се осомничени дека ја извршиле кражбата. Крадците успеале да ги натоварат четирите тона портокали во седан Suzuki Baleno, комби Hyundai Lantra и во мини бус.
Исчезнувањето на портокалите било пријавено од страна на екипажот на бродот. Набрзо полициска патрола успеала да забележи три претоварени автомобили кои се движеле во колона. Штом ги виделе полицајците, возачите го напуштиле автопатот и се обиделе по локални патчиња да избегаат.
Имало кратко бркање при што набрзо полицијата успеала даа запред две од возилата. Во едното се наоѓала двојка со дете, а во другата двајца браќа. Возачот на бусот и сопатникот успеале да се извлечат во прв момент, но подоцна и тие биле уапсени.
Оправдувањето на уапсените било дека тие не ги украле портокалите. Според она што го изјавиле портокалите се тркалале по патот и тие едноставно ги собрале.