вторник, 25 јули, 2025 година

Правилно складирање на летните гуми

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Кога ќе ги замените гумите на својот автомобил прашање е што да се направи со летните гуми кои ви останале. Една од варијантите е да ја искористите можноста да ги оставите кај вашиот продавач доколку има услови за чување. Но, можете да ги чувате и дома.

Можете да ги складирате дома, но советите велат дека ако се складирани во услови кои не се соодветни, гумите го менуваат својството што резултира со брзо трошење.

- Advertisement -

Затоа е важно да се имаат предвид неколку работи, а тоа се услови за правилно складирање:

– Пред измената на гумите обележете ги гумите кои биле монтирани напред за да им ја замените положбта со задните во следнат сезона.

– Исперете ги гумите и бандажите и извадете ги сите камчиња или страните тела од шарите во гумата.

– Пневматиците мора да бидат складирани на место на кое секогаш е ладно, суво и има природна вентилација. Ако гумите се складираат надвор на отворено тогаш мораат да бидет прекриени со непровидна церада која целосно не пропушта бидејќи гумите мораат да бидат заштитени од сонце и силна вештачка светлост како и УВ зраци.

– Температурата мора да биде пониска од 35 степени и потребно е да се избегнува употреба или складирање на какви било хемикалии во просторијата во која се складирани гумите.

– Гумите мораат да бидат сложени на една од полиците која се наоѓа на минимално 10 сантиметри од подот. За да не се деформираат се препорачува ротација еднаш месечно. Ако гумите се без бандажи се препорачува да се сложат вертикално.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја