Дали можеби помалку и се претера со коронавирусот и методите за заштита?
Ова прашање се поставува откако индијскиот производител Tata започна да прави испорака на нови возила во “Corona Free” пластичка заштита.
Оттаму наведуваат дека пластичниот меур е целосно стериле, а истовремено овозможува спречување на било каков контакт од страна на дистрибутерот односно продавачот со новото возило. Така се гарантира дека крајниот купувач добива целосно безбедно возило кога е во прашање коронавирусот.
Дали ова ќе привлече повеќе купувачи, а со тоа и зголеми продажбата на Tata останува да видиме во наредниот период.