Контроверзниот италијански фудбалер Марио Балотели имаше лош почеток на новата година. Рано утрото на 1 јануари по долгата прослава, тој враќајќи се кон својот дом во Бреша доживеал сообраќајна незгода.
Како што пренесуваат италијанските медиуми, тој со својот моќен Abarth 595 враќајќи се од прославата изгубил контрола и се забил во оградата на комшиите.
Фудбалерот не се здобил со повреди, а забележана е само материјална штета на автомобилот и оградата.
Полицијата не открива детали, а се шпекулира дека фудбалерот возел во алкохолизирана состојба.