Lancia Delta S4 Stradale со поминати само 11.802 километри на продажба за само 850 илјади евра. Вака гласи еден оглас кој предизвика големо внимание кај взубениците на автомобилите, особено на оние од 80-те и 90-те.
Станува збор за еден од вкупно 200-те примероци произведени во 1985 и 1986 година во Торино.
Располaга со 1.8 литарски I4 турбобензински мотор кој доаѓа во комбинација со пет степен мануелен менувач. Максималната брзина која ја постигнува изнесува 225 км/ч, а до стотка забрзува за само 6 секунди.
Овој автомобил веќе 10 години воопшто не е користен, а токму поради тоа, но и екслузивноста се продава по оваа цена која според многу е преценета.