Lancia не се предава – претставена нова верзија од Ypsilon

ОБЈАВЕНО НА:

Lancia не е се уште мртва, барем засега. Брендот кој некогаш беше препознатлив по Stratos, Delta и други спортски модели, пред 10-тина години беше целосно повлечен од европските пазари, а беше стопирано и производството на сите модели со исклучок од Ypsilon.

Токму хибридната EcoChic верзија од овој модел беше претставена во Италија.

Станува збор за верзија опремена со 1,0 литарскиот Firefly три цилиндрен бензински мотор на кој му асистира 12 волтен BSG електричен мотор со мала литиумско-јонска батерија. Сето ова овозможува вкупна моќност од 69 КС.

Со оваа верзија доаѓа и новата боја и седишта во внатрешноста, а на страничниот дел се содржи EcoChic беџот.

Цената на овој модел стартува од 16.400 евра.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK