четврток, 25 декември, 2025 година

Lancia est Vivir – претставен обновениот Ypsilon

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Точно 26 години моделот Ypsilon е дел од понудата на Lancia. Овој модел ги преживеа кризите во Fiat, а потоа и во FCA. Сега, обновениот Ypsilon е предвесник на враќањето на италијанскиот бренд на европската карта на автомобилизмот.

Станува збор за втор фејслифт на третата генерација која е претставена во 2011 година, а која во моментов се продава само во Италија.

- Advertisement -

Она што е ново во однос на актуелниот модел, е новата предна решетка како и новите LED светла, на предниот дел додека пак на задниот дел нема измени. Сепак, и покрај тоа, фејслифтот изгледа привлечно и ја истакнува убавината на италијанскиот дизајн кој е дел од ДНК-та на Lancia.

Измени нема во внатрешноста каде домнира 7,0 инчниот екран осетлив на допир. Тука е и унапредениот инфотејнмент систем кој доаѓа со најновата верзија на Apple CarPlay и Android Auto.

Lancia Ypsilon 2021

Она што е ново во однос на актуелниот модел, е новата предна решетка како и новите LED светла, на предниот дел додека пак на задниот дел нема измени. Сепак, и покрај тоа, фејслифтот изгледа привлечно и ја истакнува убавината на италијанскиот дизајн кој е дел од ДНК-та на Lancia. 

Во однос на мотористиката нема никаква измена. Во понудата и натаму останува 1,2 литарскиот бензински мотор со 51 kW односно 69 КС. Тука е и 0,9 литарскиот со 85 КС и 145 Nm.

Секако, дел од понудата останува и хибридната верзија која доаѓа со 1,0 литарски трицилиндрен мотор и 70КС во комбинација со 12 волтен mild хибриден систем. На купувачите на располагање им стои и новата Elegant Blue боја, неколку нови фелни како и комбинации на ткаенини во внатрешноста.

Минатата година, покрај кризата предизвиката од пандемијата на коронавирусот, но и тоа што се продава само во Италија, Lancia испорача 43.076 примероци од овој модел што е најмалку од самото лансирање на овој модел во 1995 година.

 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја