Старите возила особено ако станува збор за модел што е доста редок може да бидат навистина скапи, па дури и ако не се во возна состојба. Кога на едно место ќе се најдат повеќе стари автомобили тогаш тоа може да му донесе на сопственикот и мало богатство.
Ако имате среќа нема потреба да барате вакви возила. Доволно е да ја купите куќата во Британска Колумбија во Канада каде заедно со сопствеништвото на куќата доаѓаат и 340 олдтајмери.
Она што се нуди на продажба е 1.200 м2. затворен простор, и 900 м2 работилница за реставрација и плус плац што е на еден час возење од Камлупс. На отворениот плац има повеќе од 300 стари автомобили.
Вредноста на возилата се движи од 500 до 35.00 долари. А цената на целиот имот е околу 1,45 милиони долари.