Традиционално со „југовци“ почна кружната трка „Скопје 2017“ а доминираа возачите на АКК „Никола Карев“ во Дивизија 1. Во конкуренција на 12 возачи, на првите три места се пласираа илип Василевски, Филип Џуклески и Никола Поповски.
Василевски беше четвртопласиран во квалификациите, но успеа да гиискористи грешките на своите ривали и некаде на средината од трката да го преземе лидерското место.
Само првите четворица на целта беа во ист круг, а другите заостануваа за еден или повеќе кругови.
Скопје повторно се насладуваше на возачките мајстории по улиците, со надеж дека во иднина ќе има повеќе вакви трки.
Резултати од Дивизија 1.
Фото галерија:
Фото: Орце Поповски
Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]