Спортско возило не само што треба да има добри перформанси, да изгледа привлечно треба да може и да исполнува некои очекувања. На пример да биде лесна за дрифтање. Колку зависи од возачот, толку и од возилото.
Toyota 86 веќе ги има докажано своите дрифтерски способности, а купето со две седишта управувано од Германецот Харал Милер во 2014 година постави светски рекорд, минувајќи 144,126 км. со непрекинато дрифтање.
А сега тој рекорд го надмина јужноафриканскиот новинар Џеси Адамс кој успеа со ова возило да мине 168,502 км. постигнувајќи просечна брзина од 29 км/ч. И така се вртеше повеќе од 1.000 пати, речиси 6 часа!
https://www.facebook.com/iLEBinc/videos/1224908260951386/