Списанието од Германија, Sport Auto направи споредба на забрзувањата на BMW M5 (F90) Mercedes-AMG E 63 S 4Matic+, Porsche Panamera Turbo S E-Hybrid и Cadillac CTS-V од 0 до 300 км/ч. Четирите автомобили се опремени со осумцилиндрични мотори со принудно полнење и моќност меѓу 600 и 680 коњски сили.
Новата М5 има 4.4-литарски мотор со 600 коњски сили, а E 63 S 4Matic+ е со 4.0-литарски V8 со 612 коња. Најголем мотор има CTS-V. 6.2-литарскиот мотор на Американецот е единствениот со механички компресор и развива 649 коњски сили, а хибридната енергетска единица на Panamera генерира 680 коњски сили.
На прв поглед моќноста дава очигледна предност на последните два модели, а на практика се покажува дека коњските сили не се од така големо значење за минувањето на границата од 300 км/ч.