Kои автобрендови американците најмногу ги „гуглаа“ во 2019

ОБЈАВЕНО НА:

Очекувано, Tesla е најгугланиот автомобилски бренд од страна на Американците за 2019 година. Во просек, месечно, овој бренд е пребаруван 2.240.000 пати месечно, а најпребаруван автомобил од овој бренд е моделот 3 со 673 илјади пребарувања во просек, месечно.

На втората позиција со 1.830.000 пребарувања на месечно ниво е Toyota, а најпребаруван нејзин модел е Highlander. На третата позиција е Ford со 1.220.000 пребарувања. Најдобрата петорка ја заокружуваат уште и Honda (1.200.000) и Hyundai (1.000.000) пребарувања месечно.

Најпребаруван европски бренд од страна на Американците е BMW со 823 илјади месечни пребарувања, а при тоа најпребаруван модел на германскиот производител е i8 со 300 илјади пребарувања.

BMW при тоа се наоѓа на седмата позиција, место под Subaru, но пред Jeep, Lamborghini и Nissan.

Најмалку пребарувани брендови, од рангираните 45 се Citroen, Skoda, Vauxhall, Dacia и TVR. Интересно е што најпребаруван модел на Citroen е моделот 2CV попознат како спачек со 4.400 интернет пребарувања месечно.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK