недела, 25 декември, 2025 година

Кога претседателот не ја сака бојата: Пајакот ги собра сите црни автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Полицијата во Туркменистан има необична практика при која автомобилите со црна боја ги конфискува и ги паркира на огромен плац. Тој е преполн со возила, а главна причина е бојата која што ја имаа.

Во 2015 година, Туркменистан забрани увоз на црни автомобили, а од 1 јануари годинава такви возила воопшто не можат да се возат низ улиците на оваа земја. Затоа доколку сопствениците си ги сакаат возилата ќе мораат да ги префарбаат возилата со бела или некоја друга посветла боја.

- Advertisement -

Ова е единствениот начин за да успеат да ги вратат возилата во своја сопственост, а при враќањето на возилото потпишуваат декларација дека автомобилот во најбрзо време ќе добие нова боја.

Ваквите барања од власта во Туркменистан ги покачија цените на возилата. Ако досега фарбање на автомобил чинеше 500 долари, сега тоа изнесува 1000.

Официјално објаснување за причините поради кои не се дозволува возење на црни коли нема, а неофицијално белата боја е омилена на претседателот Гурбангули Бедимухамедов кој на последните избори доби дури 97,69 проценти од гласовите на жителите на Туркменистан.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја