вторник, 25 декември, 2025 година

Кина претстави нови роботи, ќе бидат сообраќајци (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Техничките помагала и понатаму се дел од сообраќајот во Кина, а на оваа листа од неодамна се придружи и робот сообраќаец. На тој начин продолжи контролата на граѓаните со помош на технологијата.

Од 7 јули во северна Кина во градот Хандан беа претставени три типа на сообраќајни роботи чија улога е да им помагаат на полицајците во регулирањето на сообраќајот. Официјалните лица соопштија дека ова е првпат да се користат роботи во оваа цел, а секој од роботите се разликува малку од другиот и секој има единствена функција, која како што тврдат креаторите би требало да го олесни сообраќајот во градот.

- Advertisement -

Така еден од роботите припаѓа на „контрола на автопат“ и е дизајниран да се однесува како човек-полицаец. Друг е наречен „напреден сообраќаен робот“, кој би требало да одговара на прашања на граѓаните и да ги насочува кон саканите локации. Трет е „робот кој предупредува на несреќи“, а негова задача е да ги известува возачите за проблемите кои се случиле после некоја сообраќајна несреќа.

Системот ќе функционира 24/7, а уште не е јасно дали роботите ќе „работат“ во исто време или, пак, ќе се делат по смени.

Ова не е првпат Кина да ангажира полициски роботи, а со оглед на тоа што во 2016 година се појави AnBot безбедносен робот чија задача е да патролира на аеродромот Shenzhen, а во 2017 година роботот шериф E-patrol,  кој роботско контролирање на граѓаните почна да го спроведува на улиците во поголемите градови.

 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја