Кенијците направија теренец: Mobius II, евтино возило за тешките терени низ Африка

ОБЈАВЕНО НА:

Непристапните терени во Африка во иднина нема да бидат проблем бидејќи малку познатата компанија Mobius Motors најде решение. Компанијата од Кенија го претстави својот втор СУВ модел кој ќе може да ги поминува и најтешките терени, а се работи за евтин теренец.

Моделот Mobius II е конструиран на класична шасија на која е поставена каросерија изградена од челик. Возилото има типичен „коцкаст“ дизајн на надворешноста која донекаде потсетува на легендарниот Land Rover Defender, кој со децении господареше низ Африка.

При конструирањето на Mobius II целта била да се направи робусен, издржлив и практичен теренски автомобил за превоз на лица, но и на роба низ Африка. Целта била и да се направи возило кое ќе може да се избори со лошите патишта, но и со екстремните временски и климатски услови кои владеат на овој континент.

Еден многу важен момент е дека се водело и сметка возилото да биде пристапно за сите односно да биде прилагодено на нискиот економски стандард во поголемиот број на земји од Африка.

Mobius II силата ја добива од 1.8 литарски бензинес со 133 коњски сили, а има петобрзински мануелен менувач. Иако се работи за возило за сите терени според податоците од сајтот на произведувачот Mobius II ќе се испорачува исклучиво со заден погон.

Почетната цена на ова возило е 10.600 евра.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK