Ќе започне ли конечно MotoGP шампионатот – во јули се вози првата трка?

ОБЈАВЕНО НА:

Полека, но сигурно повеќето земји, вклучително и Шпанија и Италија кои се најпогодените земји од коронавирусот во Европа, ги намалуваат рестрикциите. Тоа е охрабрувачки сигнал за организаторите на спортските натпреварувања вклучително и оние од авто-мото шампионатите.

Непотврдени информации говорат дека новата сезона од MotoGP шампионатот ќе започне на 19 јули кога би се возела трката за големата награда на Шпанија на патеката во Ксерес.

Оваа трка првично беше закажана за 3 мај и требаше да биде втора на календарот по онаа во Катар. Сепак, по појавата на епидемијата, оваа трка како и трките во Франција, Италија, Каталонија, Германија, Холандија и Финска беа откажани однсоно одложени.

Како што пишуваат повеќето медиуми за спорт, големи се шансите првата трка сезонава да се вози во јули, но без присуство на публика и воведување на строги мерки за заштита. Оваа вест се очекува да биде потврдена следната недела кога ќе се одржи состанок на раководството на ова натпреварување.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK