Ќе ги рециклираат старите гуми – ќе станат суровини за нови

ОБЈАВЕНО НА:

Старите гуми сè уште имаат цена. Едноставно уништувањето е чиста загуба на ресурси. Производителот на гумите Michelin работи на обновување на суровини од користени гуми. Потенцијалот е огромен, а на крај на краиштата околу милијарди гуми низ целиот свет секоја година достигаат крај на експлоатацискиот живот.

За да се обновуваат суровини од старите гуми, Michelin и шведската стартaп компанија Enviro влегуваат во технолошко партнерство. Основата за тоа партнерство е иновациска технологија за рециклирање, развиена од Enviro. Оваа нова технологија дозволува обновување на каучукови саѓи, масла од пиролиза и челик од старите гуми и нивно рециклирање.

Enviro користи нов, патентиран процес за востановување на суровини. Кажано попросто, тој се заснова на хемискоро распаѓање на старата гума, што е охрабрено од брзите температурни промени. Тоа треба да даде можност за обновување на значително повисококвалитетните сурови од порано.

„Партнерството го обединува дополнително знаење на двете компании и е важен чекор за промовирање на рециклирањето на гуми“, велат од Michelin. Новото идустриско знаење ќе се интегирра во градежниот проект на специјалната фабрика, и ќе помогне за зголемување на компетентноста во истражувањето и развојот на гумите.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK