На саемот за автомобили во Париз минатата година дебитираше концептот Divo на Bugatti. Во април годинава беа претставени првите шпиунски фотографии, но сега од Германија доаѓа нешто поконкретно.
Случајни минувачи во Лутјензе (Германија) успеаја го фатат овој моќен автомобил, а еден од нив и со видео да го документира.
Со ова за прв пат може да се слушне звукот на овој супер-моќен автомобил, кој е опремен со 8.0 литарски quad-turbo W16 мотор со 1.479 КС. Како сето тоа звучеше слушнете во продолжение.
Цената на овој автомобил изнесува нешто над 5 милиони евра, а доколку располагате со овие пари во вашиот буџет тогаш ќе биде многу тешко да го купите бидејќи веќе се распродадени предвидените 40 примероци.