Како сами да го направите помоќно вашето возило?

ОБЈАВЕНО НА:

Најлесниот начин за да се зголеми моќноста на автомобилот е да се посети специјализирана работилница за доработка на автомобили и таму да се направи таканаречениот тунинг за сила на автомобилот. Тоа е скапо за голем дел од сопствениците на употребуваните возила, но е ефективно.

Има и начини, кои можат да ја зголема моќноста на автомобилот, а за нив не се потребни многу финансии.

Повеќето „операции“ можат да се извршат и од самиот сопственик на автомобилот. Еве некои од нив.

Гориво со повисок октански број

Тоа е најлесниот начин, но за да го исористите потребно е да сте целосно сигурни во автомобилот дали може да поднесе таканаречен 100-октански бензин. Колата ќе оди подобро, но има мотори во кои горат вентилите од такво гориво.

Отстранување на катализаторот

Тоа дејство не е многу препорачливо бидејќи прво е забрането, а второ шумот и замрсувањето на воздухот се зголемува за неколкупати. И покрај тоа отстранувањето на катализаторот ќе ја крене моќноста на автомобилот за околу пет коњски сили.

Нов издувен систем

Овој потфат е поскап, но доколку имате средства и желба, тоа не е лоша идеја. Поголемите цевки со дијаметар, како и таканаречените спортски садови може да ја золемат јасно моќта на автомобилот, како и бучавата.

Смена на свеќиците

Многу луѓе ја одбегнуваат замената на свеќиците, но со тек на времето нивната работа се влошува, а тоа се одразува на моторите. Подобрата искра ќе ја зголеми и малку моќноста, но најмногу ќе ја подобри работата на моторот.

Замена на воздушниот филтер

Стандардните воздушни филтри покажуваат доста голем отпор на воздухот. Има и такви наречени „спортски“, кои се карактеризираат со нулта отпор. Така моќноста ќе се зголеми, но незабележително.

Чип тунинг

Доколку сето тоа не ви е доволно треба да се запрете на таканареченото програмирање на електрониката. Во зависност од типот на автомобилот (дизел или бензинец) моќноста ќе се зголеми различно, но и во двата случаи ќе се почувствува. За целта се бара софтвер и опредени знаења.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK