Со купувањето на ново возило и негово излегување од продажниот салон на автомобилот веднаш му паѓа вредноста. Но, сепак одредени возила и после одреден период имаат поголема вредност од другите. Тоа зависи од многу фактори.
Одговорот на ова прашање го дадоа од германски Focus online и Bähr & FessForecasts, каде е објавена интересна статистика за падот на вредноста на новите автомобили.
Добро познат факт е дека кога новиот автомобил кога ќе ја напушти продавницата, цената се намалува во просек за околу 30%. Сепак, постојат автомобили кои исто така можат да се препродаваат во исто време со минимални загуби. Германските аналитичари ни покажуваат колку на автомобил ќе му падне вредноста во 2021 година ако се купи сега.
Па ако решите сега да купите автомобил ќе знаете колку тој ќе вреди во 2021. Според Focus online и Bähr & FessForecasts, лидерите со најголема резидуална вредност во 2021 година се следниве:
Класа на супермини – Opel Karl 1.0, кој за три години ќе се обезвредни со 53%. Volkswagen Polo 1.0 (- 56,5%) ја освои класата на суб-компактни возила, а во т.н. голф клуб – Mini Clubman 1,5 (-57%).
Во средната класа со најмал пад ќе се автомобилите Audi A5 2.0 TFSI Sportback (-55%), а во класата на бизнис седани – Mercedes-Benz E 200Т (-51,5%). Кај премиум автомобилите, најпрофитабилна за препродажба по три години ќе биде хибридната Panamera 4 (-49,5%).
Кај купеата најмала амортизација има BMW 218i (-56%), а кај спортските автомобили – Porsche 718 Boxster (-57%). Во една од најбрзо растечките класи – онаа на компактните SUV, лидер е Mini и тоа со Mini One Countryman (-60,5%). Кај SUV од средна класа најдобро е да имате Porsche Macan (-60%), а кај големите – Mercedes-Benz G 350 D (-51%). Ако имате миниван тогаш најмногу ќе заработите на Mercedes-Benz B 160 (-53%), кај кабриолети – Mini Cooper (-58%), a кaj eлектричнитe возила – Opel Ampera (-45%).
Ова беше проценката на падот на вредноста, но германските експерти, исто така, направија пресметки кои ја покажуваат преостаната вредност во евра.
Според овој показател лидерите се:
А-класа – Citroen C1 1.0 VTi68 (-4409 евра),
Б-класа – Dacia Sandero 1.0 SCe (-3654 евра),
Ц класа – Citroen C-Elysee 1.2 (-7060 евра)
D класа – Opel Insignia 1.5 DIT Grand Sport (-13 125 евра),
бизнис класа – Mercedes-Benz E 200 (- 21 217 евра),
премиум автомобили – Mercedes-Benz S 350 D (-46 179 евра).
Меѓу спортските автомобили најмалку губи Nissan 370 Z (-18 935 евра), кај мини SUV – Suzuki Vitara 1.6 VVT (-8104 евра), меѓу компактните кросовери – Dacia Duster 1.6 ScE (-5066 евра).
Меѓу просечните SUV – Hyundai Santa Fe 2.4 GDI (-17.878 евра).