Холандскиот влогер Mаstеr Milо се одлучи на нешто ново, па покрај вообичаените комични експерименти во новиот клип се решава за вистински предизвик за секој вљубеник во сериозните машини. Овој пат задачата му е да биде стартуван мотор на кинескиот тенк 69, кој последен пат бил стартуван во Првата војна во Персискиот залив во 1991 година.
После краткиот вовед, во кој е објаснето како тенкот завршил во Велика Британија, почнува вистинската работа за будењето на ѕведрот. Самиот 38,8 литарски 12-цилиндричен дизел изгледа како половна комора, но Mаstеr Milо нема намера да се предаде така лесно.
За среќа кинескиот 69 е речиси комплетна копија на советскиот T-54, кој пак е еден од најмасовно произведените тенкови во историјата. Тоа значи дека делови за моторот В-2 има на претек и иако со доста напори Mаstеr Milо успева да стигне до целта.