Кога се оди на одмор најголемиот предизвик е пакувањето, но и подредувањето на багажот во автомобилот. Оттаму секогаш е многу важно да се има предвид фактот колку багаж е потребен кога се оди на патување.
Доколку одморот е краток и трае само неколку дена тогаш е важно да се знаат неколку работи. Следуваат неколку совети кои би можеле да ви ја олеснат подготовката за следното патување.
Колку багаж ни треба за викенд патување?
Нискотарифните авиокомпании предлагаат сè попредизвикувачки понуди за блиски дестинации. Често одморите се на неколку дена, па притисокот за багажот си останува вистински предизвик. Затоа треба внимателно да се процени што навистина ќе ни биде неопходно и како да го подредиме.
Облека
Тука најважна е самоконтролата бидејќи ќе се најдеме во искушение да ги ставиме сите нови модели. Секој ќе се согласи, дека ако земеме осум тоалети за четири дена шансата да не облечеме пола од нив е близу до 100 проценти. Независно од крајната дестинација.
Доколку одиме на море поголемиот дел од денот ќе го поминеме на плажа во бикини. Ако сме избрале некој европски град за кратка тура, тешко дека ќе има време за преоблекување преку денот. Најдобрата варијанта е по едно парче облека на ден плус уште едно со кое ќе летаме на одење и на враќање.
За оваа облека нема место во куферот и е со нас во автионот. Ако одморот вклучува некаков специјален повод (концерт или свадба) тогаш е дозволен бонус кон багажот.
Обувки
Зависи од сезоната, зависи и од дестинацијата. Сепак, има еден важен услов, а тоа е да бидат удобни. Може да не се најубавите на изглед, но со сигурност после 10-15 километри одење ќе благодариме за изборот. И не повеќе од два пара за неколку дена.
Козметика и аксесоари
Тука исто така често се наоѓаме во тешкотии. Решението, пак, е толку едноставно. Потребни се продукти со мал размер. Сè повеќе компании предлагаат travel size комплети. Тестерите, ако ги имаме под рака исто така се идеални. Ако не, тогаш ни се неопходи неколку шишенца во кои ќе ставиме мало количество за неколку дена.
Важно
Иако ги ставаме на последно место би требало да се први во куферот. Документите за идентификација, пари, неопходни лекарства, дополнителна батерија, камера…