Како безбедно да ракувате со акумулаторот во возилото

ОБЈАВЕНО НА:

Откако претходно објавивме статија за тоа како да го одржувате акумулаторот преку лето, во продолжение ви претставуваме неколку важни совети за тоа како да ракувате безбедно со акумулатори.

Акумулаторот претставуува еден вид на батерија од електрохемиски уред способен за претварање на енергијата. Со помош на акумулаторот се врши претворање на електричната енергија во хемиска што се смета за полнење на акумулаторот.

Тој ја има најважната улога во функционирањето на автомобилот од проста причина што кога е празен автомобилот не може да функционира.

Во самиот акумулатор се наоѓаат бројни хемиски соединенија кои се опасни по здравјето на човекот и животната средина па оттука потребно е да се внимава многу при ракување со акумулаторите.

Оттука во продолжение ви претставуваме неколку совети кога работите со акумулаторот.

  1. Секогаш носете заштитни очила и заштитни ракавици.
  2. Во никој случај не дозволувајте течнстите да дојдат во контакт со каросеријата на вашиот автомобил. Тоа се киселини кои имаат абразивно својство што може да ја оштети површинската боја и лакот на вашето возило.
  3. Не дозволувајте течностите да дојдат во допир со вашата кожа или очи. Доколку се случи истото веднаш исплакнете ги очите односно наводенете ја кожата со чиста вода.
  4. Потребно е да е постави влажна ткаенина на местото на кожата и веднаш да побарате медицинска помош.
  5. Секогаш мијте ги своите раце по работа со акумулаторот како и алатот и сето останато што сте го користеле.
  6. Акумулаторите чувајте ги подалеку од деца. Не ракувајте со нив кога има деца во близина.
  7. Чувајте ги на сигурно мест. Неисправните акумулатори депонирајте ги во отпад наменети за нив.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK