Важен совет: Kако да го одржувате акумулаторот преку лето

ОБЈАВЕНО НА:

Како зимските студени денови, така летните горештини имаат многу негативен ефект над „здравјето“ на батериите со олово-киселини. Покрај тоа, со воведувањето на ограничени мерки, поврзани со пандемијата на коронавирус, возачите почнаа да возат помалку, а претстојот на автомобилите се зголеми. Во такви услови е неопходно да се следи состојбата на акумулаторот со особено внимание. Експерти ги споделија своите препораки за одржување на акумулаторите.

Првото нешто, кое влијае над животот на батеријата е температурниот режим на работа. При високи температури и во текот на летото под хаубата на автомобилот, температурата може да биде двапати повисока од уличната температура и процесот на самополнење на батеријата тече побрзо. Тоа од своја страна доведува и до предвремено стареење.

Топлината дејствува како катализатор на хемиските процеси. Дел од течноста во акумулаторот станува пареа, а другиот дел од количеството електролити станува погусто. Како резултатот на тоа во батеријата се формира кристална обвивка, која ја намалува спроводливоста на електрична струја. Како дополнување, од топлината клемите на акумулаторот оксидираат побрзо, што пречи на правилната работа на батеријата и го намалува нејзиниот експлоатациски живот.

За да се намалат негативните ефекти на високите температури, можете да се уверите, дека трупот на батеријата и клемите не оксидираат. Исто така е неопходно да се долее електролит или дестилирана вода до нивото на клетките (ако има потреба) како и да се провери степенот на наполнетост на батеријата и ако е неопходно да се наполни. Покрај тоа возачот треба да ја провери работата на алтернаторот и електричната опрема на автомобилот, за да се увери дека батеријата го добива неопходното полнење во движење.

Доколку автомобилот нема да се користи долго време тогаш полнењето на акумулаторот треба да се доведе до 100% и да се чува на студено и суво место. Батериите со олово-киселини треба да се сервисираат еднаш годишно. Во исто време експертите препорачуваат да се изврши одржување дури на батерија без одржување, за која не е неопходно да се долева течност и да се контролира нивото на електролити. Најмалку таквите батерии треба да се чистат од прашина, оксидирање и мрснотија.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK