Јубилеј: Porsche – 70 години спортски автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

Во изминатите 70 години, брендот Porsche е синоним за спортски автомобил на највисоко ниво. Првото возило што го носи името Porsche е регистрирано на 8 јуни 1948 година и тоа беше „356 Roadster“. Ова е денот кога се роди брендот Porsche. 356 го претвори сонот на Porsche за спортски автомобил во реалност. „Неговата визија во тоа време ги отелотвори сите вредности кои сè уште го дефинираат брендот до денес“, изјави Оливер Блуме, претседател на Извршниот одбор на Porsche AG, на вчерашната новогодишна рецепција во музејот на Porsche. Претставници од државата Баден-Виртемберг, како и од градот Штутгарт и световите на политиката, економијата и општеството, му се придружија на Porsche за да го прослават почетокот на својата годишнина со слоганот „70 години спортски автомобили на Porsche“.

„Традицијата е обврска. Без нашата традиција и без нашите основни вредности, ние не би биле таму каде што сме денес“, објасни Блуме. „Ние планираме да го почитуваме стандардот на техничка извонредност поставен од Фердинанд Порше и во иднина. Интелигентната динамична способност има светла иднина пред него, а ние располагаме со солидна технолошка експертиза, креативни вработени и уникатен тимски дух кои се дел од секој процес. Имаме сé што е потребно за да се осигураме дека брендот Porsche ќе продолжи да фасцинира, дури и за уште 70 години“.

Историјата на брендот Porsche започнува во 1948 година. Сепак, темелот на производителот на спортски автомобили е изграден врз животот на професорот Фердинанд Порше – дело кое потоа го продолжил неговиот син Фери. Фердинанд Порше веќе дизајнираше пионерски новинации за автомобилската индустрија уште во почетокот на минатиот век. Во 1900 година, тој изградил електричен автомобил со погон на сите тркала, познат како Lohner-Porsche, возило на кое потоа е основан првиот патнички автомобил со погон на сите тркала во светот. Во истата година, тој ја постави основата за хибридни возила со развој на возило со бензински и електричен погон. Во 1931 година, Фердинанд Порше основал сопствена инженерска канцеларија. „Автомобилот Берлин-Рим“, претставен во 1939 година, беше почеток на неговата идеја за спортско возило под името на Porsche, иако овој сон го реализира неговиот син Фери во 1948 година со тип 356.

Наследникот модел на 356, Porsche 911 дизајниран од страна на синот на Фери Порше, Фердинанд Александар, конечно му го додели пробивот на компанијата како еден од водечките производители на спортски автомобили во светот, како од технички, така и од дизајнерски аспект. Porsche 911, претставен на светската јавност за прв пат во 1963 година, сега е произведен во повеќе од милион примероци. „Иако 911 постојано се развива низ децениите и многу пати е подобрен со нови, иновативни технологии, ниедно друго возило не успеа да ја задржи својата оригинална суштина на ист начин како 911“, вели Блуме. „Сите модели на Porsche кои се развиваат сега и во иднина се базираат на овој спортски автомобил. Како централен дел на брендот, 911 стана спортски автомобил од соништата, освојувајќи го срцето на ентузијастите низ целиот свет“.

Иднината на спортски автомобили на Porsche веќе доаѓа до стартната линија во форма на „Mission Е“, првата чисто електрична технологија на Porsche. Ова концепт возило го комбинира карактеристичниот емотивен дизајн на Porsche, исклучителни возачки перформанси и секојдневна функционалност. Моделот со четири врати и четири индивидуални седишта обезбедува системски перформанси од над 440 kW (600 КС) и опсег од повеќе од 500 km, забрзување од 0 до 100 км/ч за помалку од 3,5 секунди и време на полнење од околу 15 минути за 80 проценти. Porsche инвестира околу една милијарда евра во овој футуристички проект, создавајќи повеќе од 1.200 дополнителни работни места само во седиштето во Штутгарт, каде што ќе се гради „Mission E“. „Porsche секогаш ќе биде Porsche – водечки бренд за ексклузивна, спортска мобилност“, истакна Блуме.

ПР соопштение на Порше Македонија

Следете не и на:

24AUTO NETWORK