Jaguar ќе ги предупредува пешаците со оштетен вид (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Jaguar ќе го опремува електричниот кросовер I-Pace со систем за предупредување на пешаци со оштетен вид за доближување на автомобилот. Развојот на технологијата наречен Acoustic Vehicle Alert System (AVAS) им одзело четири години на британските инженери.

При движење со брзина од 20 км/ч, кога возилото е практично безшумно, електромобилот ќе дава специјален звук со сила од 56 децибели. На тој начин ќе се слуша добро, но нема да биде наметливо или навлезено во внатрешноста и ќе одговара на стандардите на акустична чистота.

Со зголемување на брзината силата на звукот ќе се зголемува, а при движење во рикверц ќе се вклучи дополнителен сигнал, кој ќе им помогне на слепите за насоката на движење.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK