Откако сегашната генерација на Opel Insignia стигна до 900.000 продадени примероци, со промовирањето н ановиот модел компанијата се надева ќе може да се стигне до „милион“. Insignia и понатаму ќе се продава во повеќе каросериски верзии, вклучувајќи и караванска изведба (Insignia Sports Tourer).
Покрај тоа што е подолга од претходната верзија, новата Insignia сега е и полесна (и до 175 кг.) и поширока, и има коефициент на отпор на воздухот од 0,26.
Димензии:
– должина: 4897 мм (+ 55 мм)
– ширина: 1863 мм (+ 7 мм)
– висина: 1455 мм (- 29 мм)
– меѓуоскино растојание: 2829 мм (+ 92 мм)
– запремина на багажник: 490 литри (1470 литри со спуштени задни седишта)
Понудата на мотори засега не е соопштена, но од порано се шпекулираше дека ќе го има 1,5 литарскиот бензински мотор со 163 КС и 250 НМ вртежен момент, па 2,0 литарски бензински агрегат со 247 КС, како и 1,6 и 2,0 литарски дизелски мотори.
Се најавува и нов осумстепен автоматски менувач, верзии со погон на четири тркала, hear-up дисплеј, како и Adaptive Cruise Control (ACC), Lane Keep Assist, Lane Departure Warning и Rear Cross Traffic Alert