понеделник, 25 декември, 2025 година

Иновација во земјоделството – Русите направија трактор без возач!

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Додека сите се преокупирани со создавање на автомобили што самите возат, камиони и други превозни средства од Русија доаѓа иновациј аповрзана со земјоделството – прототип на трактор без возач. Моделот беше претставен на меѓународната економска изложба „ИННОПРОМ 2019“ во Екатеринбург.

Според пишувањето на Russia Beyond, Прототипот на самоуправувачкиот трактор ја нема вообичаената опрема за рачно управување, кабина, волан и педали. Возилото се движи независно и може да ја одреди локацијата на теренот благодарение на инсталирањето на неколку системи развиени во Научно-производственото претпријатие за автоматика.

- Advertisement -

За движењето е одговорен специјалниот контролор кој ги добива од сателит и ги обработува неопходните информации за одредување на рутата.

Електронскиот мозок самиот донесува одлуки и е способен да учи во процесот на работа, акумулирајќи ги сознанијата. Вештачката интелигенција на возилото осигурува негово безбедно движење по траекторија со оптимални брзини, се наведува во материјалот за печатот.

Во просторот се ориентиран со помош на специјални камери со функција за прецизно возење, машинскиот вид ги дефинира пречките и го одредува патот на движење на земјоделската техника. Како што се нагласува, тракторот без возач е поврзан со системот за корекција на сателитскиот сигнал, кој обезбедува прецизност до десет сантиметри.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја