За германските медиуми Илон Маск, првиот човек на Tesla и еден од најистакнатите претприемачи на денешницата изјави дека во Германија се произведуваат најдобрите автомобили во светот.
“Некои од најдобрите автомобили во светот се произведуваат во Германија” изјави Маск за време на церемонијата на доделувањето на наградите “Златен Волан”, церемонија на која присуствуваа и првите луѓе на Volkswagen, Audi и BMW.
Тој ја искористи ова можност да ја најави и инвестицијата на американскиот производител во Германија каде наскоро ќе започне производството на Tesla автомобилите.
“Tesla доаѓа во Бранденбург со голема инвестиција” изјави и Дитмар Воидке, премиерот на сојузната германска држава Бранденбург.