За првиот човек на Tesla, Илон Маск дефинитивно не е Twitter, а ниту други социјални мрежи. Ова е единствениот заклучок кој може да се донесе откако се појавија податоци за штетата која твитовите на Маск ја предизвикале врз Tesla.
Според американските меидуми неговите непромислени твитови ја чинеле компанијата 14 милијарди американски долари. Најголема штета како врз вредноста на акциите така и врз репутацијата кај инвеститорите предизвика последниот негов твит.
“Акциите на Tesla се превисоки по мое мислење” напиша Маск во неколкуте твитови кои ги сподели претходните неколку денови.
Овој твит ја намали вредноста на акциите, а многу од постоечките инвеститори планираат да ги продадат своите акции, пренесуваат медиумите во оваа земја.