сабота, 25 септември, 2025 година

ИДЕАЛНО ЗА МАКЕДОНИЈА: Асфалт кој сам ги поправа дупките на патиштата

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Познати сме по тоа дека патиштата ни се полни со дупки, кои ретко се пополнуват. Она што се најавува би било иделано за нас. Наскоро можеме да очекуваме асфалт на патиштата кои сами ќе ги поправаат дупките – барем така тврдат истражувачите од Универзитетот Свонси и Кралскиот колеџ во Лондон.

Во соработка со научници од Чиле, тие развија иновативен материјал кој може да го реши проблемот со пукнатините и дупките на патиштата.

- Advertisement -

Како функционира само-заздравувачкиот асфалт?
За време на истражувањето, научниците користеле вештачка интелигенција за да ги анализираат органските молекули во сложените течности, како што е битуменот (основната состојка на асфалтот). Клучот за ова решение се ситни порозни материјали, наречени спори, кои се потенки од човечко влакно и од растително потекло.

Спорите се полни со рециклирани масла, кои се ослободуваат кога асфалтот почнува да се распаѓа. Овие масла ги запечатуваат пукнатините и спречуваат понатамошно оштетување на асфалтот.

Побрзи и поодржливи поправки на патиштата
Пукнатините и дупките на патиштата најчесто се предизвикани од навлегување и замрзнување на водата во асфалтот, што може да доведе до сериозни оштетувања на возилата и скапи поправки.

Лабораториските испитувања покажуваат дека новиот асфалт може целосно да запечати мали пукнатини во рок од еден час, спречувајќи проширување и формирање на поголеми дупки.

Покрај побрзите поправки, овој материјал носи и еколошки придобивки.

Иако се неопходни дополнителни истражувања, научниците веруваат дека новите материјали би можеле да го продолжат животниот век на патиштата и до 30%.

Во лабораториските експерименти, новиот битумен покажа целосна регенерација на микропукнатини во рок од еден час, што би можело значително да го подобри квалитетот и долговечноста на патната инфраструктура во иднина.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја