Hyundai продолжува со електричната офанзива

ОБЈАВЕНО НА:

Европскоот оддел на Hyundai откри нови детали за пазарните перформанси на брендот во текот на минатата година откако стави акцент на продажбите на електрифицираните возила со водороден погон.

Дистрибуираните податоци од Hyundai покажуваат дека во 2021 година, компанијата има реализирано околу 60.000 електрични возила во Европа, што се израмнува со 13% од вупната продажба на брендот на конинентот.

Наспроти овие показатели, како и континуираните напори и инвестиции во електрификацијата на портфолиото од Hyundai изразуваат убеденост дека уделот на овие автомобили ќе биде зголемен во текот на оваа година, како и во следните, не само во Европа.

На глобално ниво, од Hyundai предвидуваат пазарно лансирање на повече од 12 дополнителни целосно електични модели во следните четири години, а првиот целосно нов пазарен предлог тука ќе биде IONIQ 5.

До 2025 година, од Hyundai планираат продажба на 560.000 целосно електрични автомобили на годиншно ниво и тоа низ целиот свет, за да може на тој начин да прерасне во еден од трите најголеми проиводители на 100% електрични автомобили.

До 2040 година, Hyundai очекува електрифицирање на целото портфолио и да држи меѓу 8 и 10 проценти од вкупниот пазар на електромобили. Во моментов Hyundai нуди 15 електрифицирани модели и модификации на европскиот пазар.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK