Porsche Panamera ќе биде управувано од телефон Huawei ? (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Возилото Porsche Panamera ќе биде првото што ќе ја добие најновата технологија од Huawei, а истата се однесува на решението за самовозечките автомобили. Она што Huawei го има, овозможува да биде препознаена и целосно околината. Проектот наречен „Road Reader“ се темели на вештачка интелигенција, а од Huawei велат дека технологијата на препознавање објекти ги поместува границите и ја обединува можноста за учење, брзина и перформанси на своите уреди кои користат вештачка интелигенција.

Системот за автомобили се базира искчучиво на најновата технологија која уште од порано ја користат паметните телефони.

Panamera со помош на новата технологија може да препознае повеќе од 1000 објекти, вклучувајќи ги и животни, топки, други превозни средства и да примени одговарачки акции за нивно избегнување. Слична работа на тој систем еќе е виден кај Mate 10 Pro телефонот кој препзнава што слика како би можел да се прилагоди на подесувањето на фотоапаратот.

„Нашите паметни телефони веќе ја користат можноста за препознавање на објектите. Сакавме да видиме дали можеме во кратко време да постигнеме истиот принцип да го примениме и на возилата и тоа не само за нивното движење туку и да се користи можноста на вештачка интелигенција за избегнување на пречките. Ако нашата технологија е толку интелигентна тоа да го постигнеме само во пет недели, замислете што уште може да направи“, изјавува Ендру Герихи, кој е маркетинг директрот за Западна Европа во Huawei.

Овој проект е претставен на саемот во Барселона каде што ќе можеше да се проба ваквата Panamera.

https://youtu.be/JBGRRx-aSpU

Следете не и на:

24AUTO NETWORK