петок, 25 декември, 2025 година

Христијан Бузалковски со два пехара од Серес

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Најмладиот македонски натпреварувач во брзински моторциклизам во класата СП 125, Христијан Бузалковски викендов освои две втори места на трки од БМУ европскиот шампионат, кој се оддржуваше во Серес, Грција.

Иако се враќа со две втори места, Бузалковски лесно можеше да биде и победник, што покажува на фактот дека нашиот мотоциклист има квалитет и за врвот на победничкиот пиедестал.

- Advertisement -

„Она што повеќе ме мачи е тоа дека за влакно ни избега првото место. Првата трка од викендот водев на првите 7 круга, но во првата кривина за да избегнам контакт со друг возач морав да излетам од патеката, и сепак успеав да дојдам до втората позиција. Втората трка скоро целата трка ја возев како второтпласиран, тркало зад водечкиот, следејќи го од круг во круг, и разгледувајќи ги неговите слабости на деловите од патеката, и бев решен веќе на круг пред крајот да нападнам, односно да ја заземам првата позиција, но за жал, двајца турски возачи, со појаки мотори, иако не се бодуваат со нас, ми влегоа пре агресивно на места каде што не се очекува напад, и борбата за првото место повторно не успеав да ја дофатам. Се надевам дека на следните трки ќе имаме малку повеќе среќа и ке успееме да дојдеме до првото место, изјави Бузалковски.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја