Honda има пикап верзија од суперспортски модел (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Делот на Honda во Велика Британија ја претстави уникатната пикап верзија на суперспортскиот модел CIVIC TYPE R.

Овој автомобил има потенцијал да стане едно од најбрзите пикап возила на англиските патишта. Специјалната верзија на HONDA CIVIC TYPE R доаѓа со непроменет мотор, суспензија, адаптациски режими на однесување на патот (Comfort, Sport и +R) и менувач. Според очекувањата ова возило е во состојба да забрза од 0 до 100 км/ч за помалку од шест секунди, а може максимално да развие и над 265 км/ч.

Како база за изработка на пикап верзијаа на CIVIC TYPE R од англискиот дел на Hondа ја имаат користено предпроизводствената верзија на автомобилот исполнета во Rallye Red надворешна боја.

Актуелната верзија на Honda Civic Type R е опремена со оптимизиран дволитарски VTEC TURBO мотор, кој во комбинација со шестстепениот менувач ветува максимална моќност од 320 коњски сили и максимален вртежен момент од 400 Нм.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK