Honda „игра“ на електрификација (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Honda ги откри деталите за нивното планирано учество на годинешниот саем во Женева. Главниот акцент на брендот требаше да биде ставен на електрификацијата на понудата и во делот на новата генерација на Jazz и неговиот e:HEV хибриден погонски систем.

Заедно со новата генерација на Jazz, кој ќе биде претставен првпат пред европската публика, Honda планираше да изврши презентација и на целосно електричнта Honda e, а тоа с епрвите две од шестте електрифицирани пазарни понуди кои брендот ќе ги лансира во Европа до 2022 година.

Паралалено со стандардата верзија на новиот Jazz, Honda првпат во Европа ќе ја претстави и неговата Crosstar верзија, која, иако е опремена со истиот хибриден погонски систем се одликува со зголемено растојаниот од патот, дополнителни офроуд елементи, специјална таписерија и интегрирани шини на таванот.

Од штандот на Honda на саемот во Женева ќе бидат демонстрирани исто така и два претставници на CR-V Hybrid, новите Civic Type R GT, Sport Line и Limited Edition, продукти од линијата Honda Power Charger, болидот Red Bull Racing RB16 Formula 1, тркачкиот Repsol Honda Team MotoGP RC213V и други.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK