Хит во Индија: Honda „растура“ со моделот Amaze

ОБЈАВЕНО НА:

Пред само неколку месеци пишувавме за новиот нискобуџетен седан на Honda, Amaze, наменет за пазарот во Индија. Сега, по само неколку месеци од премиерата Honda објави дека ја надминале продажбата од 50 илјади примероци од овој модел.

Ова е одличен продажен перформанс пред се ако се знае дека со децении со пазарот во Индија владеат брендовите Tata и Maruti. Исто така, споредбено со цела 2017 година, оваа за само пет месеци Honda продаде за пет пати повеќе во однос на 2017 година кога годишната продажба изнесуваше само 10 илјади примероци.

Инаку овој модел за прв пат се појавува во 2013 година, а инжинерите во Honda истиот овој модел го креирале исклучиво за пазарот во Индија. Оваа година, поточно во февруари, на саемот за автомобили кој се одржа во Ноида беше претставена новата, втора генерација која се темели на истата платформа како и минатата генерација.

Повеќе за овој модел на јапонскиот производител прочитајте ТУКА.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK