Групацијата FCA ги продава Maserati и Alfa Romeo?

ОБЈАВЕНО НА:

Поради големите финансиски проблем, групацијата Fiat Chrysler Automobiles би можела да ги продаде брендовите Maserati и Alfa Romeo.

Финансиските резултати се единствените показатели за успешноста, а според нив FCA е во минус од речиси 7 милијарди долари. Тоа е доволно за вклучување на црвеното светло, и да се размилсува за превземање на драстични мерки за намалувањето на долгот.

Американската агенција за безбедност на патиштата (HNTSA) најде милион возила на Dodge произведени во периодот од 2013 до 2016 што имаат проблеми со стабилноста. А дополнителни проблеми направи и откритието дека 1,4 милион возила имаат проблеми со воздушните перничиња.

Затоа менаџментот на FCA почнал да размислува за продажба на два бренда, со што би се намалиле драстично долговите.
Покрај продажба на Maserati и на Alfa Romeo, се споменува и продажба на компанијата Magneti-Marelli.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK