Граничната полиција ќе се вози со Ssangyong

ОБЈАВЕНО НА:

Македонската гранична полиција во иднина ќе користи теренски возила од марката Ssangyong, откако Европската унија донираше 33 теренски возила за македонското МВР, наменети за граничната полиција и за Центарот за управување со кризи.

Застапникот за корејската компанија во Македонија, Ратола Корпорација, го доби тендерот за доставување на 33 теренски возила и притоа во целост ги исполни најстрогите критериуми согласно барањата дадени во техничката спецификација. Тендерот беше објавен кон крајот на минатата година од страна на Европската комисија и истата е донатор на возилата за нашата Гранична полиција.

Вредноста на тендерот е 800.000 евра.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK