Германците сакаат чиста околина: „Расипаните дизели“ нема да може да се регистрираат ако не се поправат

ОБЈАВЕНО НА:

Сопствениците на возила од Volkswagen групацијата со проблематични дизелски мотори, вклучувајќи ги моделите на VW, Audi, Skoda и Seat нема да можат да ги регистрираат возилата доколку одбијат да им бидат надградени со софтвер, пишува германскиот магазин Focus.

VW повлече околу 11 милиони возила ширум светот, кои беа опремени со софтвер кој е способен да мами na тестовите за емисија на штетни гасови. Скандалот со проблематичните дизелски моторои датира од септември 2015 година.

Речиси две години подоцна, речиси 5,5 милиони од 8,5 милиони погодени модели во Европа беа модернизирани, вклучувајќи и 1,8 милиони автомобили на германскиот домашен пазар на VW.

Но, многу возачи не сакаат нивните автомобили да бидат модернизирани со нов софтвер, плашејќи се од какви било промени за да ги усогласат возилата со стандардите за емисии, ќе резултира со забавување трошат на повеќе гориво.

Некои возачи на VW би можеле да добијат забрана за повторна регистрација уште наредниот месец, во зависност од тоа кога биле издадени известувања за повик, објави магазинот Focus, наведувајќи ги документите на германскиот авторитет за моторни возила на ККА.

Портпаролот на VW одбил да ги коментира овие пишувања.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK