Германец тргна на СП во Русија со трактор (Фото)

ОБЈАВЕНО НА:

Возрасен Германец реши да патува на Светското првенство во фудбал во Русија со невообичаен превоз. Тој кон Москва тргна во друштво на своето куче возејќи го тракторот Lanz Bulldog од 1939 година и караван со форма на буре за пиво.

Големиот фан на фудбалската репрезентација на Германија е максимално позитивен и се слика со сите кои сакаат да го направат тоа со него. Максималната брзина со која може да се движи е едвај 30 км/ч, но тој е убеден дека ќе успее да стигне до главниот град на Русија навреме за отворањето на Мундијалот.

Компанијата Heinrich Lanz AG од Манхајм првиот примерок од тракторот го пушта во 1921 година. Во 1956 година фирмата е купена од John Deere, но моделот Bulldog продолжува да се произведува до 1960 година. Продадени се 220.000 примероци.

Bulldog има исклучително едноставна и цврста конструкција со едноцилидричен двотактен мотор со обем од 6.3 литра и моќност од 12 коњски сили. Конструиран е од Фриц Хубер, а со годините тој е непрекинато усовршуван. Последните верзии на моделот имаат пораснато до обем од 10.3 литри и моќност од 55 коњски сили.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK