Ford Puma е автомобил на годинaта во Шкотска. Оваa награда на симпатичниот автомобил беше доделена на специјалниот настан организиран од страна на ASMW (Association of Scottish Motoring Writers).
Во конкуренција за оваа награда беа 14 нови модели, а во финалето Ford Puma освои повеќе поени отколку Land Rover Defender и Honda Jazz Hybrid.
Во образложението на жирито се наведува дека Puma има одличен изглед и компактна форма која во однос на димензиите нуди сосема доволен простор за новоформирани семејства. Позитивни критики имаше и за внатрешноста и конкурентната цена.