петок, 25 декември, 2025 година

Ford ја прошири понудата на Puma – доаѓа ST Line Vignale и Hybrid

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Од компанијата Ford најавија дека целосно новата пазарна понуда на моделот Puma веќе нуди дополнителен избор за клиентите, а како резултат на тоа е воведувањето на модификациското портфолио, како и новата луксузна верзија Puma ST-Line Vignale.

Новaта Ford Puma веќе е достапна во верзија со 1.5-литарски EcoBlue дизелов мотор со 120 КС, кој е конфигуриран со нов седумстепен роботски менувач. Достапна исто така е и верзија на автомобилот со новиот мотор и шестстепена трансмисија. Во зависност од изборот, кој го прават клиентите, тие можат да сметаат на средна потрошувачка на гориво од 3,8 до 4,9 литри на 100 километри.

- Advertisement -

Ford Puma исто така се нуди и во хибридна варијанта – Puma EcoBoost Hybrid, а достапни е во две верзии на моќност (125 и 155 коњски сили) и во комбинација со шестстепен рачен менувач.

Новата врвна верзија Vignale на Puma е развиена на база на спортското ниво на опрема ST-Line, а тука основен акцент се става на лускузниот стил и можностите за персонализација. Во опремувањето на автомобилот се вклучени голем дел на алуминиумски елементи, голем заден спојлер, LED дневни светла, седишта со кожна таписерија Windsor, волан тапациран со кожа, аудио систем B&O Sound System, систем Ford KeyFree и други.

На почетокот на овој мај од Ford најавија и идна премиера на спортската верзија Puma ST.

 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја