Ford доби нов SUV – претставена е Puma

ОБЈАВЕНО НА:

Минатата година Ford објави дека ќе претстави SUV изведба од новата Fiesta, а сега година дена подоцна американскиот производител премиерно го претстави SUV моделот Puma.

Овој кросовер е со должина од 420 см што е за 12 см подолг од претходно најавената должина од 408 см. Се темели на истата платформа како и Ford Fiesta, а оттука ќе биде понуден со истите мотори како и актуелниот модел Fiesta. Во центарот на вниманието ќе биде 1.0 литарскиот EcoBoost мотор со верзии од 85 до 140 КС.

Тука ќе биде и 1.0 литарскиот трицилиндричен mild-hybrid мотор со 48 волтен систем и моќност од 155 КС.

Ford Puma

Што се однесува до екстериерот истиот е целосно нов што значи не е употребена дизајнерската филозофија и одредени елементи од претходно претставените Ford Fiesta и Ford Focus. Без многу сериозни линии, овој SUV уште на првиот поглед го покажува својот урбан карактер.

За разлика од екстериерот, внатрешноста е во целост пресликана од најновата генерација на Ford Fiesta.

Ford Puma

Инаку називот Puma доаѓа од моделот кој во понудата на Ford во Европа беше дел во периодот од 1997 до 2002 година. Сепак за разлика од сега, тогаш овој назив беше резервиран за компактно купе кое и не доживеа некој особен успех.

Ford Puma

Во продажба овој мал SUV доаѓа уште оваа есен откако претходно, во август се очекува да започне производството во Крајова (Романија), а Ford во овој модел гледа идеален конкурент на Volkswagen T-Roc, Toyota C-HR, Hyundai Kona, Kia Stonic како и Renault Captur и Opel Mokka.

Засега нема информација околу почетната цена иако се шпекулира дека таа ќе изнесува 20 илјади евра.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK