Fiat 500L ќе биде освежен

ОБЈАВЕНО НА:

На меѓународната презентација на крајот од месецов во Торино, моделот Fiat 500L ќе ја покаже освежената верзија. По пет години откако беше првпат преставен на јавноста, на саемот во Женева во 2012 година доаѓа време за негово разубавување.

Моделот се произведува во фабриката на Fiat во Крагуевац, Србија. Покрај основната верзија има и продолжена верзија, како и крос верзија со ознаката Trekking. Досега се произведени околу 450.000 вакви возила.

И покрај тоа што е веќе пет години во понудата на Fiat тој е во самиот врв според продажбата. Лани биле продадени преку 82.000 возила, што е многу повеќе од Opel Meriva (48.000) и Ford B-MAX (40.000).

Се очекува Fiat покрај козметичките промени да претрпи и одредени технички унапредувања кои се однесуваат на моторизацијата, на мултимедијалните содржини во кабината. Тоа би требало да му овозможи конкурентност на пазарот уште неколку години до следната генерација.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK