По двата забавни парка, во Абу Даби и во Шпанија, најновата атракција во која е вклучен Ferrari е картинг патека. Но, таа картинг патека се наоѓа на најновиот крузер, брод на компанијата Norwegian Cruise Line. Крузерот е направен за потребите на кинескиот пазар, и може да прими 3.850 гости.
Досега на крузерите имало многу различна содржина, од базени, мини голф игралишта, игралишта за баскет и одбојка, а првпат се нуди и картинг. Сите бродови веќе наликуваат еден на друг, па сега со новиот крузер компанијата сака да има нешто поинакво од конкуренцијата.
Картинг патеката се наоѓа на врвот од палубата, и има два правци од тркачката патека поставена на две нивоа. Тоа се електрични картинг возила и може да се тркаат повеќемина истовремено.
Официјалното пуштање во употреба на бродот треба да биде на 27 јуни, а сега беше спуштен во вода. Матични пристаништа ќе му бидат Шангај и Тјанџин.