Ferrari хечбек!? Еве како би изгледал (Фото)

ОБЈАВЕНО НА:

По смртта на Маркијоне и доаѓањето на Камиљери италијанските медиуми започнаа да пишуваат за новата патека на развој на овој италијански бренд. Таа патека се чини ќе биде поразлична од онаа која ја трасираше Маркијоне, а прв показател за тоа е изјавата на Камиљери за италијанските медиуми кој кажа дека плановите на неговиот претходник во поглед на профитот биле премногу амбициозни.

Она што со сигурност се пишува, а за кое Маркијоне “срамежливо” најавуваше е дека Ferrari со сигурност ќе лансира електричен модел, но и SUV автомобил со кој ќе му парира на Lamborghini кој со Urus бележи одлични продажни перформанси.

Еден авто вљубеник со одлично познавање на програми за визуелизација оди чекор понапред и направи рендер од компактен хечбек модел. Така, со овој модел, производителот од Маранело би требало да му парира на Aston Martin за кого се пишува дека во соработка со Тоyota ќе лансира градски автомобил, но истото ќе се обиде чекор пред Британците и другите конкуренти.

Од рендерот може да се забележи дека овој хечбек би бил малку поголем од Alfa Romeo MiTo, а дизајнот е инспириран од егзотичниот компактен модел GTC4 Lusso.

Уште еден чеко понапред е за тоа со каков мотор би располагал овој модел. За таа намена тука е 2.9 литарскиот V6 мотор кој во моментов се користи кај Alfa Romeo Giulia и Alfa Romeo Stelvio.

Изгледа навистина одлично, а дали на крајот раководството на Ferrari ќе добие инспирација од овие рендери и ќе се одлучи да лансира автомобил во овој сегмент останува да видиме.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK