Ендуро Тим Водно со нов член: Со Христијан Станковиќ по победи на мотокрос трките

ОБЈАВЕНО НА:

Ендуро Тим Водно во 2017 година освои голем број на трофеи на трките од Европскиот брзински шампионат, а веќе се прават подготовки за уште подобра сезона во 2018 година. Бројот на членовите во тимот станува поголем, а нов член е Христијан Станковиќ.

Се работи за најуспешниот кросист во Македонија, а веќе има искуство и на меѓународна сцена така што со него Ендуро Рим Водно очекува уште подобри резултати.

„За мене претставува огромна чест и задоволство да сум дел од овој тим. Со задоволство ќе ги бранам неговите бои. Тоа е тим што ќе ме поддржува на сите мои трки на Европската и Источно европската сцена.  Морам да признаам дека атмосферата во клубот е позитивна. Функционираме одлично со мојот нов тимски колега и ветувам дека заедно со него ќе го дадеме максимумот за да оствариме одлични резултати во следната сезона. Нашата цел е да се искачиме на највисокото место на подиумот и ќе се потрудиме тоа и да го направиме“, изјавува Станковиќ.

Претседателот на тимот, Владимир Димов исто така е задоволен што тимот добива уште еден шампион во своите редови.

„Иако во моментов е пауза во натпреварувањата ние не мируваме и работиме на планот за 2018 година. Веќе го продолживме договорот со Христијан Бузалковски, а следната година со него ќе запишеме историја во Мото брзинскиот шампионат. Тој ќе вози во две категории и ќе не претставува во СП125 и во Супер Сток 600. Покрај Булзаковски во оваа година ќе имаме и член во тимот кој ќе се натпреварува на мотокрос трките. Одлучивме да го ангажираме, Христијан Станковиќ. Тоа е нашиот најмлад и најуспешен натпреварувач во мотокрос до 250цц и се надеваме на одлични резултати и од него и од Бузалковски во 2018 година“, вели Димов.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK